Расте нивото на Дунав - Унгарија понуди помош на Србија
Нивото на Дунав денеска продолжи да расте во подрачјата јужно од Будимпешта.
Поради тоа над илјада унгарски војници се распоредени од север на југ заради спроведување заштитни мерки, а унгарскиот министер за одбрана најави дека ќе понуди помош на Србија.
Во близина на границата со Србија нивото на водата утрово се зголеми на 9.67 метри во градот Баја и 9.21 метар во Мохач.
Премиерот Виктор Орбан изјави дека Владата денеска ќе започне проценка на штетите од поплавите и оти ќе направи план за расчистување на по поплавите.