Пронајдена мртва исчезната кичевчанка - жената останала без рака абдомен и граден кош
56 годишната кичевчанка Веселинка Спасенова која беше пријавена за исчезната е пронајдена мртва.
Вчера попладне било пријавено дека во водите на реката Треска кај местото викано Лаг бил забележан човечки труп. Екипите на МВР веднаш излегле на местото на настанот и од водите на Треска било извадено женско тело. Роднините на исчезнатата кичевчанката извршиле препознавање и утврдиле дека станува збор за Веселинка. Жената била пријавена за исчезната на 30. април годинава.
Според неофицијалните информации до кои стигнал порталот Курир, од телото на кичевчанката недостасувале неколку делови. СПоред Курир, женскиот труп бил изваден без делови од абдоменот и градниот кош, а недостасувала и десната рака.
Телото на кичевчанката е предадено на обдукција, која треба да ги открие причините за смртта.