Стеауа, Фенербахче и Бешикташ под истрага на УЕФА за местење натпревари

 

УЕФА покрена истрага против екипите на Стеауа Фенербахче и Бешикташ поради сомненение за наместени резултати. Тимот на Бешикташ е осомничен дека го наместил мечот од финалето на Купот на Турција во 2011 година. 

Пет службеници од Фенербахче пак се обвинети за местење на неколку меча кои ги играл нивниот клуб, а не е исклучена можноста Фнербахче наредната година да не игра во Лигата на шампиони. Тоа ќе биде втор пат да му се случи на Фенербахче откако пред три години го снајде иста ситуација. 

 

Фенербахче во сезоната 2011/12 беше исклуче од Лигата на шампионите поради поврзаност на неколку раководни лица со местење натпревари во домашното првенство.

Романскиот клуб Стеауа се соочува со казна поради тоа што не ги почитувал правилата донесени од УЕФА, а кои се однесуваат за учество во матичните првенства.

најчитано сега