Почина Матија Пауновски - најпознатата треварка на Балканот
Денеска почина познатата треварка од Мостар, Босна и Херцеговина, Матеја Пауновски, пренесе Охридњуз.
Матија Пауновски е родена во семејство кое повеќе од 150 години се занимава со собирање лековите билки. По потекло од БиХ, оваа треварка беше позната во сите краеви на поранешна Југославија.
Треварката дел од животот го помина и во Охрид каде е позната по своите лековите чаеви како и чаеви за слабеење.
Таа беше член на светската асоцијација за превентива и алтернативна медицина.
Своето знаење таа го пренесе на нејзиниот син Милан и ќерката Билјана, кои ќе ја продолжат век и пол долгата семејната традиција.
Таа почина во 79-та година од животот.
ФОТО: Мкњуз