Рој пчели нападнаа болница во Белград
Рој пчели принуди евакуација на пациентите и персонал од болница во Белград откако вчера ја нападна болницата.
Се работи за вториот кат на Клиниката за изгореници, пластична и реконструктивна хирургија во Белград кој синоќа беше евакуиран поради пчелите.
Пчелите нашле засолниште во системот за вентилација на болницата од лошото време во главниот град на Србија.
Веројатно станува збор за неколку илјади пчели.
Болните денеска се вратени во воите соби.