Фатени 4 илегални мигранти на автопатот Гевгелија-Скопје

Синоќа, 10 минути по полноќ на автопатот Гевгелија-Скопје биле фатени неколкумина нелегални мигранти.

При извршена контрола во автомобил марка „мерцедес“ управуван од страна на 25-годишниот  Н.Н. од Велес, биле затекнати четворица странски државјани и тоа тројца сомалиски и еден државјанин од Того, без документи за идентификација.

Странските државјани илегално влегле од  Грција, а имале намера да заминат во Унгарија а понатаму во земјите од Европската унија. 

најчитано сега