Жерновски вечерва ќе ги кречи исшараните ѕидови во Капиштец
Новиот градоначлник на Центар, Андреј Жерновски преку Твитер ги повика граѓаните, вечерва во 18 часот заедно да ги бојадисаат нагрдените влезови. Ваквиот повик на Жерновски следи откако вчера, фасадите и влезовите во Капиштец беа исшарани со графити „Центар не е Пустец“ и бројот 42 кој стоеше на гласачкото ливче пред името на новиот градоначлник на Центар.
Press24 веќе објави дека полицијата на улицата каде што се пишувале графити забележала и пратеници на СДСМ. Од најголемата опозициска партија ја демантираа оваа информација.