Европската комисија препорача почеток на преговори со Србија

 

 

Европската комисија денеска на состанокот на шефовите на европската дипломатија во Луксембург препорача отворање на преговорите за членство на Србија во Европската унија! Ваквата вест прв ја објави европскиот комесар за проширување Штефан Филе, кој во 10:54 на својот Твитер напишал дека Советот на министри на Европската унија денеска во Луксембург ја усвои препораката да на Србија и биде доделен датум за почеток на преговорите за членство.

Министрите на почетокот на дводневното заседание го разгледуваа извештајот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, во врска со договорот за предложеното решение меѓу Белград и Приштина кој беше постигнат во петокот, како и напредокот на Србија во достигнувањето на европските стандарди низ внатрешните реформи.

Во извештајот се наведува дека Србија преземала значителни чекори кои се видливи и ги подобруваат односите со Косоов во склоп со заклучоците на советот во декември 2012 година. Комисијата заклучи дека Србија  во текот на дијалогот се ангажирала и активно и конструктивно и дека тоа опфатило цел спектар на теми за постигнување и иодржување на подобрените односи. 

 

 

најчитано сега