Младо момче со скршен череп се бори за живот на скопскиот Ургентен
25 годишниот Д.У. од струшкото село Корошишта, синоќа околу 3 часот бил итно пренесен во скопскиот Ургентен центар. Момчето било во неконтактибилна состојба. Според информациите на полицијата, Д.У. имал фрактура на черепот.
Сеуште е во тек истрага која треба да покже како стружанецот ги заработил тешките повреди. Од МВР најавуваат повеќе детали за подоцна.