МВР ги соопшти деталите за пожарот во Владата

 

Денеска околу 9 часот при изведување на градежни работи при поставување хидроизолација на кулата со број 4 на зградата на Владата дошло до запалување на фасадниот дел, информираат од МВР.

Пожарот е изгаснат од страна на противпожарните служби.

Инаку, пожарот утринава предизвика паника. Прво се видел бел дим а потоа и пламени јазици, при што биле евакуирани вработените.

Повеќе информации во текот на денот.

10.11.2014 - 10:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега