Крај на мистеријата за смртта на Претседателот Трајковски

 

Босанскиот експерт идната недела доаѓа во Скопје. Во телефонскиот разговор за Вечер тој не открил ниту еден детал за текот на истрагата, но во неколку наврати кажал дека резултатите се различни од првичната истрага која вината ја лоцираше кај пилотите  

Омер Кулиќ следната недела ќе дојде во Скопје со заклучоци од неговата истрага за падот на владиниот "кингер" и смртта на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници, кои ќе и ги презентира на Владата и на македонската јавност. Во моментот се средуваат последните технички детали и процедури и потоа нема веќе никаква пречка да се соопштат резултатите од оваа истрага.  - Се работат последните техникалии како што се преводи на извештајот на повеќе јазици. Можам да ви потврдам дека се е готово, нема повеќе никакви пречки или заостанати процедури. Извештајот е заклучен и потврден, а резултатите се конечни. Следната недела доаѓам во Скопје за да и ги презентирам на Владата и на македонската јавност, изјави Кулиќ за Вечер. 

Целиот текст прочитајте го во Вечер

06.11.2014 - 23:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега