Скопје: Ако паркирате пред зграда 5.000 евра
Околу 30 отсто од зградите во Скопје се без паркинг, па станарите се паркираат кај ќе стигнат. Оние, пак, што имаат наместо бесплатно им ги нудат на станарите по астрономски цени. Резултатот е очигледен, паркинзите во зградите зјаат празни, а сите улички и тротоари се зафатени од автомобилите Ако си купиш стан во нова зграда за да го паркираш автомобилот во неа ќе доплатиш уште до 5000 евра за паркинг-место. Освен што е скап, паркингот често и го нема. Според познавачите на градежниот бизнис околу 30 проценти од зградите во Скопје се без паркинг, па станарите ги оставаат возилата кај што ќе стигнат. Една од причините што паркинг-местото станува луксуз е секако тоа што Скопје станува се потесно место за живеење, втората причина, пак, е тоа што згради се градат по сокачиња, па инвеститорите едвај успеваат да ја сместат зградата, а камоли да обезбедат и паркинг-место за станарите.
Правилникот за урбанистичко планирање е прецизен и предвидува задолжително обезбедување на паркинг-место за жителите, но на терен сликата е поинаква. Најмалку 30 проценти од зградите во Скопје немаат обезбедено паркинг-простор. Најголем проблем е што кога се поднесува градежната дозвола објектот се води како хотелски за што се потребни многу помалку паркинг-места. Откако ќе се изгради се врши пренамена на објектот во станбен, а станарите остануваат без паркинг-места, во отсуство на официјални бројки, коментираат познавачите од градежниот сектор.
Целата анализа прочитајте ја во Вечер
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа