За Македонците веќе нема работа на брод
Компанијата Royal Caribbean, една од најголемите која ангажира работници од регионот за на бродови, донесе одлука во иднина да не прима лица од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Авганистан, Италија, Албанија, Казахстан и континетот Африка. Не е определено времето, до кога работниците од Балканот нема да се во центарот на вниманието на компанијата. Одлуката во Сараево ја потврдиле од агенцијата Employment Power, која е застапник за Royal Caribbean за регионот, пишува Фокус.
Од агенцијата се правдаат дека тоа нема врска со менталитетот или однесувањето на персоналот од Балканот, туку со политиката на компанијата. Сепак, имало истражување кое покажало дека работниците од околината, па и тие од Македонија повеќе не се потребни.
„Станува збор за ориентацијата на компанијата кон една врвна услуга кон своите гости, а донесена врз основа на истражувањата спроведени на нашите бродови во текот на неколкуте претходни години. Имаат таму некаква причина дека одреден дел од нациите кои работата на брод да ги намалат, односно други да зголемат“ – изјавил директорот на преставништвото кое го покрива Балканот, пишува Фокус.
Во писмата, компанијата им се извинила на работниците од Македонија, но им објаснила дека тоа е нова бизнис политика и дека нема ништо лично, туку едноставно таква е одлуката на врвот.
Компанијата и нивното преставништво не известуваат колкумина сега остануваат „извисени“, особено од Македонија. Исто така, е непознато дали и тие кои во моментов работат на нивните бродови ќе бидат отпуштени пред истекот на договорите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа