Син јазик стивнува во велешко
Директор на Ветеринарната станица во Велес, доктор Димче Димитриевски за МИА информира дека кај стадата овци во велешкиот регион стивнува болеста син јазик, а воедно нема ниту нови жаришта.
Ветеринарни екипи деновиве ја завршија дезинсекцијата на сите одгледувалишта на овци и кози во поширокиот велешки регион, подвлече тој, посочувајќи оти интензитетот на болеста син јазик кај овците бил најјак во септември, а во октомври, како што рече, ги лекувале последиците.
- Сепак олеснителна околност во сета оваа штета за сточарите е што со одлука на Владата ќе бидат ослободени од пашарина, ќе добијат субвенции и за умрените грла овца од болеста син јазик, а се поради тоа што овците умрела не по нивна вина,тука како последица на оваа болест која брзо се прошири во стадата овци, посочува Димитриевски, директор на Ветеринарната станица во Велес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа