Со нови измени во Законот за здравствена заштита до поквалитетни здравствени услуги

 

Дополнително зајакнување на на улогата на пацинетот како и уанпредување на организациската култура се само мал дел од измените и дополнувања на Законот за здравствена заштита, коишто поминаа на последната седница на Владата, а во следните десетина дена ќе бидат јавно дебатирани за поторно да бида вратени на разгледување.

Со нив, како што истакна министерот за здравство, се предвидуваат реформи на повеќе клучни аспекти на здравствениот систем, со крајна цел сериозно унапредување на функционирањето на здравствениот систем, зголемување на квалитетот на здравствената услуга, зголемување и зајакнување на одговорноста на директорите на јавните здравствени установи и давање алатки во рацете на пациентите со кои ќе се зголеми нивното влијание во правец на почитување на нивните права и подобро функционирање на здравствениот систем.

Дел од измените се подобрување на проектот „Мој термин“ со кои се дава право на секој пациент којшто нема да биде прегледан во терминот закажан преку „Мој термин“или ќе биде прегледан со задоцнување за кое не постојат објективни и оправдани причини да достави известување до раководителот на одделот.

-Докторот специјалист, односно супспецијалист има право да го одложи почетокот на закажаниот преглед, односно интервенција најмногу за 15 минути од терминот закажан преку „Мој термин“, а има право да го одложи и за повеќе од 15 минути доколку за тоа постојат објективни и оправдани причини, рече Тодоров, кој додаде дека директрот на здравствената установа е должен да испрати известување до пацинетот за причините на откажувањата, ако не го стори тоа пацинетот ќе може да достави известување до Министерството за задравство, а доколку директорот за 15 дена не почне постапка ми не достави решение до пациентот ќе биде казнет со казна од 200 евра.

Директорите на јавните здравствени установи се должни да обезбедат и кои ќе бидат задолжени постојано да бидат присутни во чекалната, во услови кога има ваков прекин и на сите пациенти во лична и непосредна комуникација да им ги соопшти и образложи причините за немањето можност прегледот да биде извршен во терминот, како и да им закаже нов термин преку „Мој термин“ доколку прегледот, односно интервенцијата не била извршена. 

-Со оваа и уште неколку измени сакаме да ја сузбиеме појавата за која пред еден месец ја информиравме јавноста дека одреден број доктори доцнеле 3 пати или повеќе од 3 пати месечно подолго од 1 час на првиот закажан преглед во денот што негативно се одразува врз пациентите кои се оставени да чекаат и врз ефикасноста на работа на докторот. Воедно, ваквата појава се одразува и врз скратување на времето за амбулантски прегледи, односно редуцирање на бројот на термини наменети за амбулантски прегледи кај конкретниот доктор. Министерството за здравство ова го увиде со анализа на податоците од системот Мој термин, појасни Тодоров.

Министерството за здравство ќе воведе и Централен систем за електронска евиденција на работното време и контрола на пристап до просториите во јавните здравствени установи.

-Централниот систем е замислен како електронски информациски систем кој овозможува евиденција за доаѓање и заминување од работното место на вработените во јавните здравствени установи, како и евиденција на нивното присуство во просториите на јавната здравствена установа, а особено во амбуланта, операциона сала, одделение/стационар или во просторија за вршење на интервенции или дијагностички постапки преку проверување на личниот идентитет на вработените во јавните здравствени установи со користење на скенер со биометриски сензор поставен во објектите во кои се сместени јавните здравствени установи, посочи ресорниот министер.

Се предвидуваат и новини во делот на листата на закажани прегледи и интервенции.

-Така на пример, докторот специјалист, односно супспецијалист е должен да издава интерспецијалистички упат, специјалистичко-супспецијалистички упат, упат за радиодијагностика и упат за лабораториски услуги за пациентите што тој ги прегледал, односно врз кои извршил интервенција, за дополнителни специјалистичко-консултативни услуги преку електронската листа на закажани прегледи и интервенции, доколку се потребни дополнителни испитувања заради поставување на дијагноза и лекување на болестите и повредите и рехабилитација, рече Тодоров, додавајќи дека здравствените работници се должни  да определиат термини за вршење на елективни хируршки интервенции, кои ќе треба да ги запишуваат во календарот на активности.

Овој календар на активности е уште една новина со која, како што рече Тодоров,  се заменува календарот на слободни термини со цел да се овозможи детален преглед на сите активности кои здравствениот работник ги извршува во текот на работното време.

-Како што споменав, сите досега наброени мерки се насочени кон подигнување на квалитетот на управување со здравствените установи, како и подобро организирање на работата. Во таа смисла, со овие законски измени, во секоја установа во која се вршат хируршки интервенции, ќе воведеме таканаречена оперативна програма, односно утврден распоред на пациенти врз кои треба да биде извршена хируршка интервенција. Оперативната програма ја одобрува стручниот колегиум на здравствената установа во тековната недела за наредната недела. На овој начин, ќе се овозможи прецизен преглед на времето на чекање за хируршки интервенции во конкретната установа.

Во делот на хоспиталната култура се  предвидуваме можност пациентот или членовите на семејството, да изразат незадоволство доколку здравствените работници не ги почитуваат принципите и правилата на однесување и работење согласно Протоколот за хоспитална култура.

За докторите кои имаат релативно голем број негативни наоди од извршените снимања на компјутерска томографија или магнетна резонанца,  со цел  да се заштити здравјето на пациентите, ќе посетуваат обука во траење од 20 часа за упатствата и протоколите за медицина базирана на докази, како иза штетните последици од неоснованото и прекумерно користење на медицинската опрема.

Според измените на законот ЈЗУ ќе имаат законска обврска да водат детална евиденција на медицинската опрема со која располагаат и со која ја вршат здравствената дејност, со цел порационално планирање на користењето на постојната медицинска опрема, како и порационално планирање на набавката на нова медицинска опрема, а ќе се воведе и Национален систем за евиденција на материјалните и финансиските ресурси во системот на јавно здравство.

- Предвидуваме законска можност Министерството за здравство со патен налог да упатува здравствен работник односно здравствен соработник вработен во јавна здравствена установа во мрежата, во времетраење не подолго од пет работни дена во текот на еден месец, на работа во друга јавна здравствена установа во мрежата, во која има потреба од извршување на работните задачи од страна на здравствениот работник односно здравствениот соработник. Ова се овозможува со цел избалансираност на сите здравствени услуги, кои се даваат на територијата ан РМ, посочи Тодоров,

Дел од измените е и формирање на Национална комисија за дијабетес мелитус со цал рационална употреба на инсулинот.

03.11.2014 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега