МВР ги сумираше штетите од протестот во Центар - никој не е приведен

 

Вчера, во период од 11:30 до 20:30 часот, околу 4.000-5.000 револтирани граѓани одржаа протест против донесената уредба од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, за измената на урбанстичкиот план со кој би се стопирала изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“. 

Протесите започнаа пред спомен куќата на „Мајка Тереза“, а продолжија пред Општината Центар. Граѓаните кои протестирале пред Општината, викале, свиреле и удирале по бараката во која се одвивала седницата сакајќи да ја прекинат. Во еден момент демонстрантите се обиделе насилно да влезат во општинските простории, но, биле спречени од страна на полицијата.

Од МВР информираат дека демонстрантите искршиле неколку стакла на влезната врата и на прозорите од бараката, а настрадала и една завеса, која револтираните граѓани ја откорнале преку отворен прозор.

ОД МВР велат дека засега нема приведени лица, но, се преземаат мерки за целосно да се реасветли случајот.

најчитано сега