Македонско-украински бизнис форум
Денеска во организација на Стопанската комора на Македонија ќе се одржи Македонско-украински бизнис-форум на кој ќе учествуваат претставници на компании од Украина кои од вчера се во посета на земјава. Целта на овој бизнис-форум е да се воспостават деловни контакти меѓу стопанственици од двете држави во различни дејности.
По завршување на официјалниот дел на бизнис-форумот, планирани се билатерални разговори меѓу компаниите од неколку стопански сектори.
На настанот ќе присуствуваат и претседателите на стопанските комори на Македонија и на Украина, Бранко Азески и Генадиј Чижиков, како и украинскиот амбасадор во Македонија Јуриј Гончарук.