Канада се запозна со можноста за инвестирање во автомобилскиот сектор во Македонија

 

Можностите за инвестирање во автомобилскиот сектор во Македонија беа представени на годишната конференција на асоцијацијата на Канадски Производители на Авто компоненти.

Конференцијата се одржа од 5 до 6 Јуни во Виндзор, Канада.

Директорот на Технолошко индустриските развојни зони, Виктор Мизо заедно со економските промотори од Монтреал и Детроит учествуваа на конференцијата каде Македонија беше присутна со национален штанд.

Покрај презентацијата на инвестициските можности во Македонија, беа остварени контакти и средби со најголемите канадски производители на авто-компоненти Magna International, Martinrea, Linamar, Valiant, Naemco Group, како и познати американски и германски компании од оваа индустрија.

- И покрај намаленото производство и продажба на возила на европскиот пазар, неколку компании изразија конкретен интерес, побараа подетални информации или најавија посета на Македонија со цел да ги анализираат потенцијалите за диверсификација и локализирање на нивното глобално присуство, стои во соопштението од Дирекцијата на ТИРЗ.

ФОТО: А1.он

 

 

најчитано сега