Шојбле кажа „не“ за намалувањето на грчкиот долг

 

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле не ги прифати оценките на Меѓународниот монетарен фонд за ново „потстрижување“ на грчкиот долг.

Шојбле, цитиран од „Дојче веле“, категорично ја отфрлил веројатноста за ново намалување на грчкиот долг.

Претходно неделава ММФ во свој извештај за спасувачката програма за Грција, во кој се призна дека Фондот дозвилил грешки и пропусти, откри дека постои решение на еврозоната по 2014 година да се пристапи кон натамошни олеснувања на грчките обврски.

-Тоа, едноставно, е само една интерпретација на ММФ, изјави германскиот министер за финансии. 

најчитано сега