Петмина повредени во сообраќајки - што се случувало на скопските улици?
Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле девет сообраќајни несреќи од кои четири се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, тројца пешаци и еден возач на мопед.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 11 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, 16 возачи ги управувале возилата по истекот на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, 11 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, како и шест пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука на тема „Безбедност на пешаците“ со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа