Одлична можност за сите кои бараат работа - Прв саем за вработување во Скопје
Прв Саем за вработување на кој ќе се претстават 80 компании денеска ќе се одржи во Скопје, во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски ќе се обратат на отворањето на Саемот.
До крајот на годината вакви саеми ќе се организираат во Неготино, Тетово, Штип, Охрид, Струмица, Куманово и Битола.
Доколку барате работа ова е одлична можност за вас.
14.10.2014 - 09:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа