ОТКРИВАМЕ: Колку чини претопувањето на НСДП во СДСМ

 

Половина милион евра, три пратеници и една од највисоките партиски функции. Толку го чини Заев идејата за претпоување на НСДП во Социјалдемократскиот сојуз. Висок фукционер во СДСМ за Сител открива дека на сценариото за претопување на партијата на Петковски на Бихаќка се работело веќе подолг период, а Заев и Шеќеринска веќе резервирале неклку места во Централнио Одбор на СДСМ за кадри на НСДП.
Сепак, по сериозниот отпор со кој Петковски се соочил во својата партија за идејата за враќање во редовите на СДСМ, за да ја омекне ситуацијата ги зголемил своите барања. Според истиот извор, освен тендерот од половина милион евра за реконструкција на Боемската улица кој го доби фирмата на Јован Илијсоки, близок човек на пратеничката на НСДП, Соња Мираковска, Петковски побарал и една од врвните функции во партијата, како Гернерален секретар или едно од потпретседателските места. Овие функции, според нашиот извор требало да го задоволат Горан Мисовски кој има најголемо влијание во партијата и може да го амортизира незадоволството.
Овој предлог нашиол на бура незадоволство во општинските ограноци на СДСМ. Нашиот извор вели дека тие не можеле да најдат ниту една причина, зошто партија која тежи помалку од 10.000 гласа да се плати со толку висока цена.
Дополнително, во СДСМ никој не гледа потенцијал во како што велат, истрошениот транзисики политичар Тито Петковски, дотоклку повеќе што мнозинството смета дека неговото враќање на Бихаќка ќе отвори простор за ВМРО-ДПМНЕ да води негативна кампања користејќи ги изјавие на Петковски дека е подготвен за промена на името.
Нашиот извор вели дека незадоволството е големо поради фактот што и покрај тоа што СДСМ го честеше Петковски со 3 пратенички места сега треба да му овозможи политичка рехабилитаиција, враќајќи го во партијата на која и заби нож во грбот во 2006 кога заимна во коалиција со Груевски.
Партиски извори велат дека ваквите постапки на  Заев и Шеќеринска зборуваат за неспособноста и безидејноста на лидерскиот тандем, кој сака да создаде слика дека има некаков план, иако на Бихаќка на сите им е јасно дека мора да се бара излез од ќорсокакот во кој ја внесоа партијата инаетејќи се околу барањето за техничка влада, кое не е прифатливо  ниту за меѓународната јавност, а уште помалку за премиерот Груевски.
Свесни дека ќе останат без мандатите десетина пратеници најавиле подготвеност да се вратат во Собранието, а Заев и Шеќеринска според нашиот извор се во паника и бараат сламка за спас пред целосното фијаско на деструктивните политики.

 

И покрај нашите обиди, во НСДП не најдоа време да одговарат на нашите прашањата, а во СДСМ единствениот став е дека односите во коалицијата се одвиваат тековно. 

13.10.2014 - 16:12


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега