Кој ќе биде новиот претседател на СДСМ?
Четврток најверојатно ќе биде денот кога Централниот одбор на СДСМ ќе го потврди 2 јуни како датум на кој социјалдемократите ќе го одржат постизборниот Конгрес, на кој според сите инфорации, ќе заврши претседателскиот мандат на Црвенковски. Извори од партијата велат дека долгогодишниот лидер веќе најавил дека заедно со целото претседателство ќе ја напушти претседателската канцеларија на Бихаќка што остава простор, да се реализираат најавите на многу високи функционери од опозицијата за крупни кадровски промени.
Ваквиот развој на настаните ја разгорува трката за наследник на Црвенковски а во јавноста веќе кружат имињата кои би можеле да застанат на чело на опозицијата.
Press24 анализира, кои се луѓето кои ќе влезат во трка за најважното столче на Бихаќка.
Радмила Шеќеринска е единствената дама меѓу кандидатите кои претендираат за нов претседател на СДСМ. Има богато политчко Си-ви но и тешки изборни порази.
Во 2004 ги губи партиските избори за претседател од Владо Бучковски, но две години подоцна сепак застанува на партискиот врв како првата и единствена жена претседател на најголемата опозициска партија. Во изборната трка како прв човек на опозицијата влегува во 2008 кога го доживува најтешкиот пораз во историјата во премиерската трка со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Три години подоцна Шеќеринска пак станува кандидат за премиерн а опозициската СДСМ но и тогаш ги губи изборите од актуелниот претседател на Владата Груевски.
Актуелниот струмички градоначалник Зоран Заев важи за политичар со голема поддршка меѓу членството но носи и крупна дамка во својот багаж од аферата Глобал, кога тогашниот Претседател Црвенковски го аболицираше од политчко гонење.
Долги години е потпретседател на опозицијата и важи за квалитетен теренски работник. Од 2008 до 2009 беше и вршител на должноста претседател на СДСМ што се покажа само како функција која требаше да му ја чува претседателската фотеља на Црвенковски кој го наследни откако му заврши мандатот како Претседател на Македонија
Меѓу имињата за кандидат за Претседател на СДСМ е она на Зоран Јовоаноски. Искусен на полето на економијата но со скромна политчка бигорафија. Беше Претседател на економскиот совет во времето на Шеќеринска, а во моментов е актулен потпретседател на СДСМ.
Со сериозни шанси за наследник на Црвенковски е актулениот координатор на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски. Со огромна поддршка од членството, Ивановски важи за еден од најблиските соработници на Црвенковски. Колегите го познаваат како одличен организатор и голем теренски работник. Во поличката биографија покрај координирањето на опозициските пратеници му стои и коорднирањето на изборните активности како шеф на изборниот птаб на опозицијата.
Извори од партијата за Press24 велат дека доколку му се остави на членството само да избира кој ќе го наследи Црвенковски, тогаш битката би се водела меѓу Заев и Ивановски. Според нашите извори, Ивановски е во блага предност, бидејќи до сега не ја водел партијата и на себе не ја ности тежината на седумте изборни порази како раководител на партијата