На повидок нова коалиција во македонското Собрание
На повидок е формирање на нова пратеничка група во македонското Собрание. Фијат Цаноски и уште двајцата негови пратеници од ПЕИ, заедно со Милетиќ од Спрската напредна партија и либералот Ивон Величковски најверојатно се новата петорка која ќе ја формира новата пратеничка група во македонското Собрание. Press24 ја провери оваа информација во Либералната партија. Од таму ниту потврдуваат ниту демантираат дека наскоро влегуваат во коалиција со Цаноски и Милетиќ.
Според праксата во Собранието, за формирање на пратеничка група која ќе има право да присутвува на координацитие кај спикерот Вељаноски потреба е поддршката на најмалку 5 пратеници.
Претходно, Фијат Цаноски имаше своја пратеничка група заедно со пратениците Сафет Бишевац и Ленче Николовска.