Град Скопје објави конкурс за финансирање проекти од културата
Град Скопје го објави конкурсот за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на градот за 2015 година.
Годинава новина е тоа што се објавени два посебни конкурса со цел да се добијат поквалитетни програми од јавните установи од областа на културата на Град Скопје.
Станува збор за конкурсот за финансирање и поддршка на програмите и дејноста на јавните установи од областа на културата основани од Градот Скопје и за конкурсот за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје.
- Со воведување на овие измени се стремиме да им се излезе во пресрет на граѓаните, уметниците, невладиниот сектор и професионалните здруженија од областа на културата кои во текот на изработката на стратегијата, во рамките на дебатите кои се одржаа, укажаа на недостатоците и проблемите со кои се соочуваат при спроведување на досегашната процедура за одлучување и поделба на средствата од Буџетот на Град Скопје наменети за финансирање на кулурата, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Конкурсот е објавен денеска во дневните весници „Дневник“ и „Коха“ и ќе трае до 9 октомври, а резултатите ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа