Во Битола одбележан Денот на независноста
Општина Битола со низа манифестации организирани во предвечерието, и во текот на денешниот ден, свечено го одбележа државниот празник 8-ми Септември.
Делегации на општина Битола предводена од градоначалникот Владимир Талески, претставници на општествено политичкиот и јавниот живот на градот, како и претставници на граѓанскиот и бизнис секторот положија цвеќе пред споменикот на народнослободителната и антифашистичка војна во централното градско подрачје и испратија јавни пораки во чест на големиот државен празник.
- 8. Септември е симбол на сплотување на сите идеи и сите напори на сите генерации. Овој 8-ми Септември кој што многумина го нарекуваат и нов Илинден значи обединување на сите концепти во еден за независна суверена Република Македонија. Уверен сум дека и нашата, денешната генерација ќе знае оваа голема придобивка максимално да се искористи за вклучување на Македонија во сите европски и светски процеси, во економска и политичка смисла со што ќе оставиме убав влог за идните генерации, истакна битолскиот градоначалник Владимир Талески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа