Хрватска: Застанал да помогне но го претепале и ограбиле

23-годишно момче од Хрватска преживеало вистинска драма откако застанало да помогне на возач во неволја, но било претепано и ограбено.

Се работи за младо момче кое застанало на патот бидејќи непознат маж му мавнал со раката да застане, глумејќи дека е возач кој што се нашол во неволја, при што хуманото момче веднаш отрчало да помогне, но било претепано и ограбено.

Тројцата разбојници му се заканувале со нож и неколку пати го засекле, но за среќа повредите биле само површински. 

најчитано сега