Американка поради наследство го фалсификувала бракот со мртов Србин

 

Алисон Лир од Лас Вегас е уапсена поради сомнение дека фалсификувала брак со рели возачот Александар Џорџевиќ за да го наследи неговото наследство. Џорџевиќ пред три години загинал кога му се превртел автомобилот во една трка во северна Невада. Оваа лажна вдовица е уапсена минатта недела во еден ноќен клуб, по што се соочи со обвинение за фалсификат и кривоклетство. Родителите на покојниот рели возач го нарека планот на Лир „обид да го украде семејниот имот“ на нивниотсин, не сомневувајќи се во измамата. 

„Не беше тоа никаква љубов. Се забавуваа неколку месеци и мислам дека не ја интересираа само парите“, изјавил такткото на Александар. 

Пред да го запознае Лир имала профил на сајтот за запознавање, на кои милионерите барале партнерки, што додатно го ставило под знак прашалник чесните намери кон Александар. По неговата смрт, таа на судот го приложила венчаниот лист, според кој спортниот брак е склопен пет дена пред Александар да загине и тоа во куќата на нејзините родители, кои воопшто не знаеле за истиот. 

Според наводите на судските документи, нејзиниот татко на адвокатите им рекол дека да знаел за вакво нешто, немало да го дозволи да се случи во неговиот дом. Освен тоа свештеникот кој ги венчал немал дозвола за вршење на должност свештеник во државата Невада. 

Лицата кои биле сведоци на венчавката полицијата не успеала да ги пронајде. Дополнителна болка за родителите на Александар настана откако Лир не и дозволила да го видат неговото тело по несреќата, па морале да чекаат три месеци. Таа ги задржала неговите два спортски автомобили и колекција на пиштоли, а судот проценува дека неговиот имот се вреднува некаде од 100.000 до 200.000 долари. 

 

 

најчитано сега