Во Собранието планирани седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседават комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за економски прашања и Законодавно-правната комисија.
Пред Комисија за политички систем се Предлог-законот за изменување на Кривичниот законик, Предлог-законот за изменување на Законот за јавните службеници и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници, сите по скратена постапка во второ читање.
Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа предлог измените на законите за здравствената заштита, за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за државните службеници, за јавните службеници и на Кривичниот законик, сите по скратена постапка и во втор.
Членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправа по Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2013 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа