Јолевски во работна посета на Лондон

 

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска престојува во Лондон, Велика Британија. Предвидено е да оствари одвоени средби со членови на Британскиот парламент, поранешниот министер за одбрана на Обединетото Кралство Лиам Фокс и Марк Причард.

На средбите ќе се разговара на теми од областа на националната безбедност, борбата против тероризмот, вооружените сили, меѓународните односи, како и продлабочувањето на соработката меѓу армиите на двете земји. 

02.09.2014 - 09:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега