Пратениците денеска со полни раце работа

 

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи рааботата по дневниот ред на 12-тата седница со разгледување на Дополнетиот предлог на закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, во втор читање.

Пратениците ќе расправаат и за Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, дополнетите предлози на закон за дополнување на Законот за високото образование, за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, и за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, сите во второ читање.

На дневниот ред на седницата меѓу другите законски решенија се и Предлог законот за изменување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен,  Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем, двата во второ читање, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за државните службеници, за изменување на Законот за јавните службеници, за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за изменување на Кривичниот законик, и за изменување на Законот за здравствената заштита, сите по скратена постапка.

01.09.2014 - 09:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега