Матичните лекари бараат да им плаќаме по 30 денари за секој преглед

 

Партиципација од 30 денари за повеќе од еден преглед во месецот. ”Мој термин” и кај матичен лекар како и зголемување на буџетот за капитација од 2015 година со што стартна плата на доктор би била 40 000 денари и за сестра 20 000 денари и плус за месечни и годишни трошкови. Лиценца за работа во мрежа да биде на Приватната здравствена установа како и сите пациенти да бидат на ПЗУ. ова се одлуките и барањата донесени на вчерашното собрание на Здружението на приватни лекари на РМ  кои очекуваат да бидат прифатени и решени во најскоро време. Од здружението очекуваат премиерот да ги разгледа нивните барања се со една единствена цел, да бидат задржани лекарите во РМ, здравството да има континуитет и да имаат доволно време за нивните пациенти. Поголем број на лекари реагираа дека доколку пациентите гласат на ПЗУ, сопственикот нема да се грижи дали ќе му замине второвработениот лекар кои сега ги уценуваат со барања за поголеми плати а тие немаат финансии за тоа.

ЗПЛРМ доби поддршка за барањата и од Здружението на приватни стоматолози. Најавија дека имаат и план Б, доколку нивните барања не бидат прифатени.

31.08.2014 - 11:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега