ФОТО: Бакрачески и Алачки - Мх,мх,мх

 

Во прекрасните предели на селото Скребатно, денес се одржа манифестацијата „Охридска софра“.

alacki-oh

Посетителите имаа можност да вкусат најразлични традиционални специјалитети, а посебна атракција беше готвењето на Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и Андријана Алачки, од „Вкусот на традицијата“.

Традиционалните рецепти за подготовка на домашна храна, претставуваат вистинско богатство на нашите домаќинства и неисцрпна можност за туристичка промоција за градот Охрид, меѓутоа уште повеќе за руралните населби во Општина Охрид.

Манифестацијата „Охридска Софра“, претставува извонредна можност за комбинација на соодветни настани преку кои на граѓаните, гостите и посетителите ќе им биде презентирано богатството на охридската традиционална храна, пијалоци и други етнолошки вредности како дел од севкупната туристичка понуда и туристички производ.

31.08.2014 - 11:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега