Сендвичара во Драчево ги труе младите скопјани?
Голем број на загрижени родители, преку социјалните мрежи кренаа паника за нивните деца кои што вчера завршиле на Клиниката за инфективни болести во Скопје, пренесува калимеро.мк.
Голем дел од младите кои се заболени се од Драчево, пренесува еден жител од оваа скопска населба, чија ќерка исто така била во групата на заболени.
„Дали знаете колку млади од Драчево вчера завршија на инфективно во Државна болница? Имам информација дека и денеска ходниците се преполнуваат со деца. Нека ми каже некој зошто токму денеска ја затворија сендвичарата на последна автобуска станица во Драчево, а сите заболени кажуваат дека вчера јаделе сендвичи од таму. Проблемот е што четири пати ја затвораат поради истата причина. Жал ми е за тие деца и за мојата ќерка“, напишал еден револтиран жител.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа