Дојран настојува да биде камперска дестинација како од времето на „Мрдаја“ и „Ачикот“

Во обид да се врати како препознатлива туристичка дестинација од времето кога покрај езерото имаше кампизи како што беа „Мрдаја„ и „Ачикот“ општина Дојран интезивно работи на овозможување на камперскиот туризам затоа што поранешните камперски места се нефункционални и голем дел приватизирани.

-Денес не функционира вистински камп од причина што локациите на поранешните кампови или се приватизирани или испреплетени во имотно правни спорови. Како локална власт ги разгледавме можностите и веќе почнавме со подготовки на нови локации за камп населби кои ќе им бидат понудени на заинтересирани инвеститори, рече Стамов.

Мотив за локалната власт во Дојран ќе биде и градењето нови плажи бидејќи новоуредената градска плажа донесе голем број нови туристи на Дојранското Езеро.

Градоначалникот Стамов информира дека се изготвени проекти за уште пет плажи на различни локации кои ќе се уредуваат во иднина.

29.08.2014 - 11:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега