Откриени 250 метри кубни бесправно исечени дрва во Тетово

Полицијата во Тетово откри три одвоени случаи на незаконска сечење на огревно дрво при што биле пронајдени 250 метри кубни бесправни исечени дрва за огрев.

Имено, на три различни локации во атарот на тетовското село Мерово биле пронајдени вкупно 42 метри кубни огревно дрво. Пронајденото огревно дрво било оставено во месноста „Јабланица“ и покрај селскиот пат во Мерово.

Покрај тоа, откриена е и локација од околу 10 хектари, на која засега непознати сторители извршиле безправна сеча на дрва.

Исто така бесправно исечени дрва биле пронајдени пред куќата во сопственост на И.Б.(41) од с.Желино. Пронајдени се 76 метри кубни дабови и 15 метри кубни букови дрва, а во дворот на истата куќа уште 70 метри дабови и 30 метри букови дрва, за кои не ја поседувал потребната документација и кои немале соодветен жиг.

По наредба на јавен обвинител, на лицето И.Б. му е одредена мерка притвор, а пронајдените дрва ќе бидат предадени на Јавното претпријатие „Лешница“.

24.08.2014 - 14:31
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега