Груевски го посети реконструираното училиште во Струга

Премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми денеска го посетија реконструираното Средно општинско училиште „Ибрахим Темо“ во Струга во кое Владата преку Министерството за образование и наука инвестираше околу 13 милиони денари за реконструкција на подовите, прозорците и надворешната фасада.

 

- Сметаме дека со ова даваме придонес за поквалитетно образование, подобри услови за учениците и за наставниците, рече Адеми.

 

Ова, според него, нема да биде последен проект за ова училиште и за Струга, туку ќе продолжат и следната година со цел да се создадат подобри услови за учениците.

- Посочени беа неколку потреби за ова училиште и се надевам дека следната година и тоа ќе го исполниме, истакна министерот Адеми.

24.08.2014 - 13:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега