Одбележување на Успение на Пресвета Богородица во манастирот во Матка

Во пресрет на одбележувањето на православниот  празник Успение на Пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот во Матка, кај Скопје во среда на 27 август ќе се одржи вечерна богослужба, Духовна академија и полноќно бдеење. На денот на празникот, во утринските часови во манастирот ќе се одржи Света божествена литургија.

Трета година по ред ден пред празникот во манастирот се одржува Духовна академија. Предвидено е црковно пеење и читање псалми.  

 

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.  

Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.

24.08.2014 - 11:39
Фото: 
скопјеинфо
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега