Викендов сообраќајот ќе се „поремети" - еве каде нема да се вози

 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во сабота и недела ќе се изведуваат градежни активности на дел од булеварот "Митрополит Теодосиј Гологанов".

 Градежните активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација, ќе се извршуваат во период од 07.00 – 17.00 часот, на потегот од крстосницата со бул. „8-ми Септември“ до крстосницата со ул. „Московска“.

 Сообраќајот ќе се одвива согласно времено поставениот режим.

 Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

22.08.2014 - 10:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега