Прогласена епидемија од жолтица во Штип

Во Штип утре ќе дојдат епидемиолози од Скопје поради епидемијата од жолтица што е прогласена во градот.

Директорот на Центарот за јавно здравје Велик Грков изјави дека засега не може да се утврди причинителот на заразното заболување и затоа утре на помош ќе им пристигнат колеги од  Институтот за јавно здравје од Скопје.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип Марина Шуманска рече дека од 1 август до денеска се хоспитализирани 22 пациенти на Инфективното одделение во Штип.

Бројот на заболени пациенти на различна возраст од ден на ден се зголемува. Основните и средните училишта, како и градинките веќе добиле посебни препораки од ресорните министерства.

Зголемена е хигиената во градинките, а денеска почна и дезинфекција во основните и средни училишта во градот.

21.08.2014 - 16:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега