„Јане Сандански“ го градеа преку 50 македонски компании и 1600 работници

 

Свеченото отворање на новиот спортски центар „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“ ќе се случи кон крајот на месец август, најави генералниот директор на овој спортски комплекс Надица Димовска.

Точниот датум ќе биде дополнително утврден, но она што го открија денеска е дека истиот ден ќе биде свечено отворена, или пуштена во употреба арената, односно централната сала со капацитет од 6.500 посетители, како и хотелот „Русија“ . Потоа ќе се отвори помошната спортска сала за кошарка и ракомет со капацитет од 1.500 посетители, како и конгресниот центар. 

-Основна цел е да се понудат врвни и квалитетни услуги за спорт и рекрација на граѓаните, како и да се сервисираат максимално, на професионално ниво спортските клубови и останатите спортски федерации. Инвестирањето во ваков објект претставува голем економски инпут бидејќи во процесот на изградба на спортскиот центар учествуваа над 60 македонски компании, 5 странски, како и околу 1600 работници, а целиот проект беше завршен за 16 месеци, изјави Надица Димовска генерален директор на СЦ „Јане Сандански“.

Инаку, „Русија“ ќе располага со 61 соба и апартмани, од кои еден претседателски апартман, шест „супериор“, 28 еднокреветни соби, 12 „твин“ и 14 „дабл“ соби. Воедно хотелот ќе содржи спа центар и руф бар.

21.08.2014 - 15:13
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега