Времен режим на патот кон Македонски Брод преку „Јасен“

Патот за Македонски Брод преку ЈП „Јасен“ во сабота на 30 август ќе биде прооден според одреден режим поради одржувањето на манифестацијата „Козјак Маратон 2014“.

Како што соопштија од ЈП „Јасен’ од 7 до 12 часот, посетителите без ограничување ќе можат да се движат во правец од Скопје кон Марков Манастир - Нова Брезница - Кула - Коломонт - мост на Близанско - село Близанско на брегот на Акумулацијата каде што ќе се одржува спортска манифестација „Македонски куп во далечинско пливање – Козјак Маратон‘‘ 2014.

Заминувањето на посетителите и учесниците на манифестацијата ќе се одвива од 13 до 21 часот без ограничување само во правец кон Скопје, а режимот на движење ќе го регулира сообраќајната полиција.

21.08.2014 - 13:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега