ФОТО: Правила за паркирање во Скопје
Паркинг место повеќе секогаш се бара во Скопје, особено на оние паркинзи кои не се зонски и не се нaплатуваат. Граѓаните за да го избегнат зонското паркирање, често се паркираат онаму каде што ќе здогледаат и најмал простор за тоа, притоа не гледајќи дека ги блокираат останатите коли. Па најверојатно заради тоа револтиран граѓанин оставил порака на автомобилот кој го блокирал неговиот, со упатства за паркирање. Тој како прво правило навел дека при паркирањето треба да се гледа да не се блокира некого, во второто вели дека кога веќе блокираш барем оставија колата во лер, а третото правило гласи дека доколку не се почитуваат првите две правила, да се остави телефонски број за да можат да те побараат, пренесува Вечер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа