Пиво, многу музика, луда журка - од вечерва ќе „грми" на Скопско Кале

 

Традиционалниот фестивал на пивото „Пиволенд 2014“ почнува денеска на Скопско кале.

Седмото издание на гурманскиот собир, кој ќе трае до недела, ќе понуди повеќе од 50 видови пиво, добра храна и одлична музика. Мотото на „Пиволенд“ и годинава е промоција на македонската музика, култура и традиција.

Посетителите ќе можат да уживаат во настапот на „Леб и сол“, „Мизар“, „Културно Уметнички Работници“, „Астероид Б612“, „Хроматик Поинт“, „Бени & Нон стоп“, „Д Џон“, реге составот „Јосип А Лисац“, „Тумбао салса бенд“, Дани Димитровска, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Лозано...

Во рамки на „Пиволенд“ ќе има и дополнителен стејџ т.н. Фреш, за млади артисти, каде свирките ќе траат до три часот по полноќ. На програмата е и концертот „Трибјут ту Пинк Флојд“.

Како и секоја година, влезот на „Пиволенд“ ќе биде бесплатен. 

20.08.2014 - 09:38
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега