"По 20 спонтани абортуси го држам моето дете во рака" -трогателна приказна со среќен крај

 

37-годишната Кели Мосли се соочувала со голема болка и тага бидејќи во текот на животот имала 20 спонтани абортуси. Таа загубила 20 бебиња, и надежда дека ќе добие дете почнала да избледнува, но сепак, среќата и се насмеала на оваа жена и таа на свет го донела своето бебе Тајлер.

-Одбивав да се откажувам. Никогаш нема да ги заборавам бебињата кои ги изгубив и болката никогаш нема д ами помине, но тоа што го имам Тајлер прави сега нашиот живот да има смисла, вели Кели.

По цели 12 години, оваа двојка го добила своето момченце и е пример дека никогаш не треба да се откажуваме. Па, дефинитивно има вистина и во тоа дека понекогаш вратата ја отвара и последниот клуч.

19.08.2014 - 14:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега