ВИДЕО: Лекарите го оперираат буден а тој свири на виолина
Виолинистот Роџер Фриш во 2009 година забележал дека му трнат рацете, многу се загрижил.
Лекарите му дијагностицирале есенцијален тремор, a единствено решение било длабока стимулација на мозокот. Постапката вклучува вградување на т.н. мозочен пејсмејкер, која праќа електрични импулси до одредени делови на мозокот.
Лекарите го оперирале Фриш буден, а тој не само што бил буден туку додека траела операцијата тој си свириел виолина.
За среќа Фриш бил успешно опериран и за две недели продолжи со својата работа во оркестарот.
ППогледнете...
19.08.2014 - 11:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа