Синот на Тијана Дапчевиќ опериран во Скопје

 

Вчерашниот ден за Тијана Дапчевиќ беше навистина стресен. На Вук, 5-годишниот син на пејачката, која долги години живее и работи во Белград, вчера му беа оперирани крајниците во една скопска приватна клиника.

"Посакајте ни среќа“, напишала пејачката на Фејсбук и додала дека се чувствува нервозно. Но, по зафатот нашата годинешна евровизиска претставничка повторно им се обратила на пријателите и фановите и напишала дека се е во ред со нејзиното синче.

19.08.2014 - 00:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега