ФОТО: Урош од Икс-Фактор заврши во болница

 

Пејачот кој ја направи Македонија горда со учеството на Х-фактор и настапите кои следеа, Урош Туркулов, заврши во болница.

Во изјава за Курир раскажа дека сега е подобар, по деновите во кои навистина се чувствуваше лошо, па заврши и во болница.

-Предходната недела имав температура и проблеми со крајници,пиев јаки антибиотици и лекови против болка кои се можеби и причината зошто на крајот се разболев на овој начин.По јадењје во МцД вечерта немав апетит, а како да не ми работеше желудникот-надуенос се чуствував многу тешко. Таа вечер почнаа болките-желудник и срединаата на грбот. Имав висока температура и цела ноќ се мачев. Кога станав утрово бев бел како чаршав и одма се упатив кај лекар. Добив две инфузии,но се уште се чувствував лошо со температура, рече Урош за Курир.

Oна што го крена на нозе, е поддршката од неговите фанови.

-Поддршката од фановите ми значеше неизмерно. Верувам дека енергијата се пренесува. Добив огромен број на пораки, ми велеа дека ми посакуваат брзо да застанам пак на нозе. Нивните зборови ми помогнаа. Не само што ми беше поддршка, туку и на начин кој ниту јас ниту тие не го разбираме, но со енергија ми помогнаа да оздравам, додаде Урош за Курир.

 

18.08.2014 - 18:00
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега