Се брои ситно до „Пиволенд“ - еве ја целосната програма

Се ближи почетокот на овогодинешното 7.издание на фестивалот на пивото „Пиволенд“, кое ќе се одржи на добропознатата локација- Скопското Кале. Пет фестивалски денови- од 20 до 24 август, големи имиња од македонската музичка сцена кои одамна не сме ги гледале на фестивалите, но и гости од странство, многу пиво, гурманска храна и катчиња за забава се само дел од она што нè очекува на овогодинешниот „Пиволенд“.

И оваа година под мотото 100 проценти македонски бренд, „Пиволенд“ им дава голема поддршка на македонските артисти и македонската музичка сцена.

На едно место, публиката ќе има можност да ужива во легендите на македонската музика- „Леб и сол“, „Мизар“, Селимова-Желчевски, популарните поп-изведувачи Влатко Лозановски, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски, Тајзи, како и неизбежните цареви на ноќните свирки Бени и Нонстоп, Жаре Бербер, Дани Димитровска, Бета Хаус, „Тумбао салса бенд“, Тони Михајловски и Скандал састаф, како и алтренативните бендови од македонскиот андерграунд – Д Џон, Смат, Сиз, К.У.Р (Културно-уметнички работници), Хроматик поинт и Брука.

Веќе по традиција, за љубителите на електронската музика и хип-хопот ќе настапуваат диџеј Славе и „Галактик експлорерс“. За атмосферата да биде што поразиграна ќе се погрижат и МВП од Белград, како и реге-составот Јосип А Лисац од Нови Сад.

Погледнете ја целосната програма за „Пиволенд 2014“:

Среда 20 август

- Астероид Б 612

- Хроматик поинт

- Бени и Нонстоп

- Леб и сол

- Д Џон

Четврток 21 август

- Фреш ( Победници на конкурсот за млади бендови)

- К.У.Р ( Културно-уметнички работници)

- СИЗ

- СМАТ

- Тијана Дапчевиќ

- МВП ( СР)

- Мизар

Петок 22 август

- Фреш ( Победници на конкурсот за млади бендови)

- Пука банд брука

- Тумбао салса бенд

- Тајзи

- Тамара

- Диџеј Славе

- Галактик експлорерс (диџеј Кокс)

Сабота 23 август

- Фреш( Победници на конкурсот за млади бендови)

- Димитар Андоновски

- Трибјут 2 Пинк флојд

- Дани Димитровска

- Јосип А Лисац

- Жаре Бербер

Недела

- Бански старчета

- Селимова-Желчевски

- Влатко Лозановски- Лозано

- Бета хаус

- Тони Михајловски и „Скандал састаф“

18.08.2014 - 12:17
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега