Температурите ќе растат - еве какво ќе биде времето неделава

Во Македонија денеска времето ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 22 до 32 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со мала облачност.

Од УХМР за наредните денови најавуват температури во пораст. Само во четврток во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотрајна локална нестабилност.

18.08.2014 - 10:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега